Отсега на хаштаговите на Fаcebook ќе може да се клика

Хаштаговите стануваат универзални. После Twitter, Google+ и Instagram, сега и Facebook ги има.

Според нивната објава “На хаштаговите од денес може да се клика. Слично на другите сервиси како Instagram, Twitter, Tumblr, or Pinterest, хаштаговите на Facebook Ви овозможуваат да додадете контекст на објава или да иницирате дека е дел од поголема дискусија. Кога ќе кликнете на хаштаг на Facebook, ќе видете што други луѓе или страни велат за тој настан или тема.”

Како функционираат

Според Facebook, тоа би требало да изгледа вака:

facebook-хештагови

Кога ќе кликнете на хаштагот, се отвара нов прозорец со листа на постови од пријатели или страници кои ги следите кои го имаат истиот хаштаг. Исто така е овозможено и пребарување на хаштаговите.

Прочитајте и:  Видеоповиците на Messenger стануваат HD и со подобар звук

Хаштаговите се појавуваат несекаде на Facebook: времепловите, групите, новостите и слично. Засега не се отворени за купување за маркетинг, но се охрабруваат маркетерите да ги користат, што е различно.

Што мислите, кои се можностите за хаштагови на Facebook? Можеби подобри аналитички податоци, подобри резултати при пребарувања…?

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -