Отстранување на тетоважи – нов просперитетен бизнис

Отстранувањето на тетоважи е еден од бизнисите со најголем раст во САД, покажуваат податоците на IBISWorld. Приходите од индустријата се очекува да бидат во вредност од 3,4 милијарди долари за 2014 година. Тоа не значи дека има пад на побарувачката на тетоважи. Напротив – тетовирањето се уште е силен бизнис, особено откако на пазарот се појавија сложени дизајни како  3-D тетоважи.

Прочитај повеќе: Си го огрделе лицето, си го огрделе телото и за нив нема помош

Во САД има околу 8.000 студиа за тетоважи, а нема истакнат лидер на пазарот меѓу нив. Д-р Мајкл Кулик, кој ги отстранува тетоважите во Сан Франциско, вели дека просечниот  клиент на возраст од 30-40 години, кога луѓето веќе сфаќаат  дека она што им се чинело кул на 20 години се променило.  Во просек еден клиент плаќа 500 + долари за отстранување, во зависност од тоа колку бои има, што значи дека најлесно се отстрануваат црно-белите тетоважи.

Денес се многу модерни пастелните бои, но тие се многу тешки за отстранување, предупредува д-р Кулик.

Прочитај повеќе: Промашени тетоважи прекриени со нова

- Реклама -