Скопје, 20 октомври 2023 – Жителите и посетителите на македонскиот главен град од денеска добиваат нов, ултра-модерен објект во строгиот центар на градот. Со својот уникатен концепт Diamond Mall е многу повеќе од обичен трговски центар. Покрај место за шопинг, овој центар претендира да биде новата атракција за забава и гастрономско уживање. Неговото отворање креира и нови работни места и можности за развој на бизнисот.
Меѓу првите на кои им припадна честа да зачекорат низ коридорите на новиот центар беше и македонскиот премиер Димитар Ковачевски, придружуван од вицепремиерот Артан Груби, министрите Оливер Спасовски, Фатмир Бесими и Љупчо Николовски, како и од претставници на Групацијата „Лимак“, амбасадори на неколку држави и други партнери и истакнати личности.
„Уште од моментот кога овој центар и целиот комплекс на кој му припаѓа беа само идеја, посакувавме тие да бидат новото обележје на Скопје со кое ќе се гордеат жителите на овој град и место каде тие со задоволство ќе сакаат да престојуваат. Diamond Mall е значаен дел од таа наша замисла. Затоа се трудевме да направиме објект што ќе ги спои современите архитектонски стилови, природата и современиот животен стил на луѓето. Посакуваме Diamond Mall да биде новата дестинација каде луѓето ќе уживаат во шопингот, но истовремено ќе се дружат и забавуваат. Се радувам што ваквата замисла станува реалност“, истакна почесниот претседател на Групацијата „Лимак“, Нихат Оздемир.
Diamond Mall е еден од главните делови на мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje“, во чија изградба Групацијата „Лимак“ досега инвестираше над 350 милиони евра. Покрај Diamond Mall, комплексот го сочинуваат и четири резиденцијални згради, деловни простории, луксузен хотел, како и подземна сообраќајница.
Со својот уникатен концепт, Diamond Mall припаѓа на сосема нова категорија објекти, наречени „Лајф-центри“. Првата целина од овој концепт ја сочинуваат 150 продавници со вкупна површина за закуп од 48.000m², кои на купувачите ќе им понудат голем избор на популарни и атрактивни брендови. Втората целина е „Зоната на соништата“ (Dream Zone) со површина од 7.000m², која ќе понуди најразлични едукативни и забавни атракции за деца и млади. Третата целина е „Гурманската Авенија“ (Gourmet Avenue), која на посетителите ќе им овозможи да бидат дел од разновидни случувања од областа на културата и уметноста, додека уживаат во вкусовите на локалната и интернационалната кујна, достапна во големиот број ресторани, кафулиња и барови кои ја сочинуваат оваа Авенија.
Diamond Mall е изграден според најсовремените архитектонски трендови и градежни стандарди кои овозможуваат највисок степен на удобност на посетителите и одлични работни услови за вработените во центарот, како и висок степен на енергетска ефикасност и заштита на животната средина. Дизајнот на целиот објект е компактен и овозможува голема прегледност и лесна навигација на посетителите. Центарот располага со голем број влезови кои овозможуваат лесна пристапност од било кој дел на централното градско подрачје, независно дали се доаѓа со возило, со јавен превоз или пешки. На располагање на посетителите на центарот се ставени и 2.900 паркинг места.
Задоволството од отворањето на Diamond Mall ќе биде споделено и со посетителите кои од денеска и во деновите од претстојниот викенд ќе можат да уживаат во богатата забавна програма прилагодена за сите генерации.
* Комерцијален текст