Отворен најголемиот минијатурен аеродром во светот (видеа)

Отворен најголемиот минијатурен аеродром во светот (видеа)За да се изгради ова ремек-дело биле потребни 6 години и 3,4 милиони евра. Но, она што е добиено како краен производ е аеродром што функционира исто како вистинските, до најмал детаљ, со автобуси, помошни возила и авиони што полетуваат и слетуваат од осветлените писти.

{youtube}4_06qrFnvnw{/youtube}
Најголемиот минијатурен аеродром се наоѓа во Хамбург, Германија и е дел од Минијатур Вундерланд, фасцинантна макета што точно претставува голем број локации од целиот свет и место што привлекува многу туристи. Изградбата започнала во 2000 година, а пред да биде додаден и аеродромот, макетата зафаќала површина од 1500 метри квадратни, на неа функционирале преку 10 илјади минијатурни вагони и локомотиви, на пруга долга преку 11 километри. Првично проектот чинел околу 7 милиони евра, а постојат планови за удвојување на површината до 2014 година.
{youtube}PN_oDdGmKyA{/youtube}

Прочитајте и:  Германија прави попис на бункери и засолништа во случај на руски напад, ги охрабрува и граѓаните да си направат и свои
- Реклама -