Мрежа Стела и НМСМ ги повикуваат стрип автор(к)ите и илустратор(к)ите да учествуваат на наградниот конкурс за стрип „Кое е твоето чудо?!”.
,,Дали сте посветена стрипаџика/ја или илустратор(к)а? Дали сте подготвени да разгорите дискусија за родовата еднаквост преку своето уметничко дело?Дали верувате во силата на визуелната приказна која може да поттикне позитивни општествени промени? Ако е така, Ве покануваме да учествувате во отворениот повик, посветен на темата за родовата еднаквост”, порачуваат организаторите на конкурсот кој е дел од проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Македонија”, организиран со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје.
Со цел да ги отстрани пречките и стереотипите, овој проект ги отвора вратите за девојчињата и младите жени кон нови предизвици и успеси. Конкурсот има за цел да опфати различни аспекти од борбата за родовата еднаквост. Уметничките дела треба да поттикнат теми кои ќе придонесат кон подобро општество, ќе ги разбијат стереотипите и ќе внесат позитивни промени. Било преку лични приказни, општествени размислувања или имагинативни наративи, ги охрабруваме стрип-автор(к)ите да се нурнат длабоко во темата и да ги изразат своите уникатни перспективи.
Наградниот фонд изнесува 85.000 денари, односно прва награда 50.000 денари, втора награда 25.000 денари, трета награда 10.000 денари.
Од пристигнатите дела ќе биде организирана изложба, на која ќе се прогласат наградените стрипови, и ќе се доделат сертификати и дипломи за учество на конкурсот.
Добредојдени се сите уметнички стилови, од користење техники со традиционално перо и мастило, до дигитална илустрација, како и сѐ помеѓу.
Приказните може да бидат во било кој формат (еднопанелни стрипови или мулти-странични), но треба да бидат прилагодени за онлајн објавување и да имаат висока резолуција за печатење за изложба. Тие треба да истражуваат теми поврзани со родовата еднаквост, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: промоцијата на потребата од заедничко дејствување кон креирање на поеднакво општествозаедничарење, солидарност и поддршка надминување на родовите стереотипите и традиционалните улоги;борбата против дискриминацијата и предрасудите засновани на родот, сексуалноста и останати идентитети; зајакнување на женските права; правата на ЛГБТИ+ заедницата; феминизам и активизам;
Краен рок за пријавување е 20 август.