Отворен првиот онлајн универзитет

japanuniversity_ppПрвиот јапонски онлајн-универзитет „Сајбер јуниверзити“ почна да
функционира во понеделникот во Јапонија, а досега се имаат пријавено
вкупно 516 студенти. Тие ќе посетуваат курсеви во текот на наредните
четири години, а засега постојат само насоки за информативна
технологија и светско културно наследство.

japanuniversityПрвиот јапонски онлајн-универзитет „Сајбер јуниверзити“ почна да функционира во понеделникот во Јапонија, а досега се имаат пријавено вкупно 516 студенти. Тие ќе посетуваат курсеви во текот на наредните четири години, а засега постојат само насоки за информативна технологија и светско културно наследство.

Официјалното отворање се случи во неделата, во покриениот фудбалски стадион „Фукуока Доум“. На настанот физички се појавиле 130 студенти, додека другите учествуваа преку своите компјутери.
 
Иронично, но со овој онлајн-универзитет раководи Сакуји Јошимура, експерт за древен Египет.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

– Посакувам сите да работиме заедно за да овозможиме овој универзитет да се прошири низ светот – изјави директорот Јошимура.

Студентите ќе присуствуваат на часовите и своите домашни задачи на професорите ќе им ги предаваат преку компјутерите поврзани во комуникациски мрежи. По завршување на курсевите, студентите ќе добијат валидна диплома. Најголем број запишани се на возраст од околу 20-40 години, а многумина од нив се вработени лица. Интернетскиот и телекомуникацискиот конгломерат „Софтбенк“ поседува 71 отсто од универзитетот.

Слични образовни институции постојат и во другите земји. Најпознат од нив е универзитетот во Феникс, основан во 70-тите години од минатиот век за нетрадиционалните студенти. Во него моментално се запишани 200.000 возрасни луѓе, кои посетуваат настава главно преку онлајн-предавања или вечерни курсеви.

 

виа. 

- Реклама -