Отворена изложбата „Чиста технологија – швајцарски решенија за предизвиците на денешницата“

Амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман, вчера вечер во Младинскиот Културен Центар ја отвори изложбата „Чиста технологија – швајцарски решенија за предизвиците на денешницата“. Изложбата е во соработка со „Пакомак“ и „Макситил“.

-Технологијата и иновациите се моќна алатка за стремење кон одржлива иднина, дополнувајќи ја но не заменувајќи ја потребата за промена на начните на размислување кои моментално и штетат на нашата животна средина. Иновациите ни овозоможуваат да се прилагодиме на климатските промени и да управуваме одржливо со природните ресурси. Clean Tech Expo покажува како швајцарските стартапи, приватните комании и швајцарската меѓународна соработка придонеле за заштита на природата при создавање на пристојни работни места. Заштитата на животната средина не е само одговорност туку неопходност. Зголемените закани поради климатските промени, деградацијата на животната средина и неодржливите практики влијаат на нашите земји, нашите луѓе, нашиот биодиверзитет и нашиот просперитет – потенцираше во својот говор амбасадорката Улман.

Таа истакна дека годинава преку Програмата за вработување, зелените вештини беа инкорпорирани во системот на дуално стручно образование и обука (СОО) и во партнерство со неколку нови национални институции и УНИЦЕФ се воведени 10 нови „зелени“ изборни предмети во наставната програма за средно стручно образование и обука. Овие предмети- почнувајчи од Циркулаторната хемија до одржливо земјоделство- се дизајнирани да ги решат најитните еколошки пробашања во земјава.

Оваа изложба ги прикажа иновативните решенија во управувањето со отпад, одржливото земјоделство, зачувувањето на природните ресурси и примена на принципи на циркуларна економија во управувањето со водите.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Некои од овие решенија се од приватниот сектор на Швајцарија, додека други доаѓаат од швајцарската програма за соработка со Северна Македонија.

Со денешната изложба  се одбележуваат и 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Швајцарија и Северна Македонија.

На изложбата се обрати и Мухамед Салиу од Центарот за младински активизам КРИК, кој зборуваше за нивните активности кои имаат за цел да ја промовираат зелената социјална работа и да ги надминат предизвикани од климатските промени.

-Нашата младина е соочена со невработеност, недостаток на образовни ресурси и политичка нестабилност. Во ваква средина, нивниот потенцијал не е искористен и на нивната имагинација не и се дадени соодветни алатки за да може да се актуелизира. Во оваа ситуација најдобар опис би бил дека младите се збунети- вели Салиу.

Од „Пакомак“ уште еднаш ја испратија пораката дека селектирањето на амбалажниот отпад и рециклирањето треба да ни станат дел од секојдневната рутина.

По изложбата во паркот зад МКЦ и пред бифето, се одржа музичкиот фестивал „Sound of Green“ каде настапија младата локална група Moira, Игор Џамбазов и Гуру Харе со бендот, како и гостите од Швајцарија, ORPHIA и DJ ALEX NANTAYA. 

Фестивалот понуди забава и уште еднаш ја потенцирааше важноста од подигнување на еколошката свест кај младите.

- Реклама -