Oтворени се 4 повици за апликации за програми за престој и размена на професионалци во доменот на културата „Courants du monde 2025“:
Долг индивидуален престој врз основа на веќе отпочнат проект во текот на 2025. (резиденција/запознавање со уметнички колекции) : краен рок за аплицирање: 15 октомври 2024.
Краток престој според професионална потреба од 17 до 27 март 2025, за англофони и франкофони : краен рок за аплицирање: 15 октомври 2024.
Надворешни културни центри и и иновативни примери од 17 до 27 март 2025 – Кратка тематска англофонска програма: краен рок за аплицирање – 15 октомври 2024.
Културата во центар на територијалните единици: предизвици и имплементација – Кратка колективна тематска програма за англофони и франкофони : краен рок за аплицирање: 15 октомври 2024.
Краен рок за аплицирање: 15.10.2024
Програмите „Courants du monde 2025“ се наменети за размена и престој на професионалци во доменот на културата „Courants du monde 2025“ и имаат 3 основни цели:
Споделување на јавните политики развиени од Министерството, како и од француската културна средина.
Градење на одржливи мрежи за интелектуална размена со професионалци од целиот свет.
Поттик на создавањето партнерства помеѓу француските и странските културни структури