Sky 32 е елитна оаза на луксузот, се наоѓа на 32-тиот кат на Galaxy Macau во Макао, во Кина.
Луксузниот салон за VIP посетителите нуди спектакуларни погледи, дијамантски лустери и шест луксузни салони, каде големите играчи треба да вложуваат најмалку 10 милиони јуани (1,6 милиони долари) за почеток.
Казиното се отвори во 2011 година, откако изградбата му траеше девет години, со надеж дека луксузот мора да биде на највисоко ниво. Всушност, и не напрвиле грешка, затоа што денес 600-те маси за коцкање и 250-те хотелски соби ги привлекуваат најбогатите клиенти од Кина.
Покрај стравувањата дека владата на Кина ќе ја зајакне контролата над коцкање во Макао, Bloomberg информира дека бизнисот со обложување од страна на VIP клиенти се развива добро.
Приходите на Galaxy Macau Casino изнесуваа 38 милијарди долари минатата година. Galaxy Macau е мега казино одморалиште чија што изградба чинеше 2 милијарди долари. Само во март 2013 година приходите на казиното изнесуваат 3.9 милијарди долари, според Bloomberg.
VIP салонот е на 32-тиот кат на хотелот. Тоа е лобито кое ги поздравува големите играчи.
Сè што е во Sky 32 е неверојатно луксузно, дури и местата за гости, кои не сакаат да играат и да вложуваат, како овој бар и ресторан.
За да играат во овој VIP салон, посетителите треба да се подготвени да вложат најмалку 1,6 милиони долари на посета.
Во казиното има шест одделни сали, вклучувајќи ја оваа осамена соба.
Дизајнот во сите сали е неверојатен.