Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, упати искрени честитки и пофалби за успесите на Арабел Рустемовски.
На својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, Костовски напиша: „Браво! По неколку години, Македонија повторно се радува на врвен олимписки спортски успех! Европска јуниорска бронза за Македонија во олимписки бокс. Браво, Арабел Рустемовски!“
Тој потенцираше дека денешниот успех на Арабел не е само јуниорски, туку и врвен спортски резултат. Арабел помина две кола на официјалното јуниорско европско првенство во олимписки бокс.
„Факторот што го прави овој медал толку посебен е тоа што Арабел во првото коло успешно елиминираше руски боксер. Како да се замисли дека Македонија учествува на европско првенство во фудбал и ја совладува Шпанија. Можеби и оваа споредба звучи малку неадекватно.
Олимпискиот спорт е области на жестока конкуренција, а овој медал е резултат по долга пауза за македонскиот бокс. Ова не е само медал за боксот, туку и за Македонија, медал за македонскиот олимписки спорт.
Секој спортски успех е гордост под македонското знаме, но овој е особено редок, бидејќи се работи за ОЛИМПИСКИ СПОРТ. Овде, нема простор за ништо друго освен за сурова вистина. Тешкотијата за освојување медал е значително поголема во споредба со неолимписките спортови.
Арабел е нова олимписка надеж на државата. За него, нашата цел треба да биде да го видиме на олимписките игри, исполнувајќи ги олимписките норми. Да биде дел од светскиот спортски врв, каде што независна Македонија досега била само двапати.
Ова е најголемиот спортски успех за Македонија во последните две години, кој дефинитивно го претставува врвниот спорт. Браво, младиот мајсторе! Нека бидеш новиот Аце Русевски или Реџеп Реџеповски. Македонскиот бокс и државата го заслужуваат ова.
Честитки и до стручниот штаб, навистина браво!“ истакна Костовски.




