Ова е зборот кој најчесто го слушаме во странските песни (ВИДЕО)

Ако некогаш сте се запрашале кој збор најчесто го слушаме во песните од странските музичари, одговорот може да ве изненади.
Еден корисник на популарниот сајт „Reddit“, кој се крие зад името „MyNaimeIsPaulRobson“ одлучил да анализира неколку десетици хитови од американските и британските музичари за да открие кој збор најчесто се употребува во текстовите на овие песни.

Тој ги зел во предвик песните кои биле напишани во периодот од 2006 година до денес, а резулатот од анализата е неочекуван.

Зборот кој е најчесто користен во текстовите на песните не е „љубов“ (love), ниту „ти“ (you), а ниту пак „секси“ (sexy), туку нешто сосема друго.

„Whoa-oo-ah“ (уооооаах) е зборот кој најчесто се слуша во странските хитови, а за да го поткрепи своето тврдење, овој корисник направил и интересно видео, составено од шеесетина песни кои не можеле да поминат без овој „збор“.

- Реклама -