Ова место на Земјата создава чувство дека сте на друга планета

Кога ќе ги погледнете фотографиите од некој од многуте глечери ширум Исланд, веднаш ќе ви стане јасно зошто еден од најдобрите режисери на денешницата, Кристофер Нолан, се одлучи токму на една од овие локации да го сними неговиот најнов филм „Interstellar“.

534265_profimedia0200355889_lb

Во овој филм кој се смета за еден од најочекуваните за оваа година, главните улоги ги толкуваат актерот Метју Меконахи и Ен Хатавеј.

534197_interstellar-plakat-filma_ff

Додека ги набљудувате пејзажите на исландскиот глечер Свинафелсјокул, и не е така тешко со мислите да залутате некаде надвор од оваа планета.

534257_profimedia0094741959_lb

Чувството на студ и празнина на ова место му дава убавина која не може да се сретне на друго место во светот. Затоа и не е за чудење фактот што Нолан наместо за специјални ефекти, се одлучи „Interstellar“ да го сними токму на ова место.

534260_profimedia0094742057_lb

Прекрасните ледени пејсажи се резултат на суровата природа, односно на острите ветрови и бесните вулкани.

534261_profimedia0148440527_lb

Иако Свинафелсјокул нема баш клучна улога во одвивањето на дејството на филмот, сепак, зазема значајно место на постерот како и во трејлерот за филмот.

534263_profimedia0174630392_lb

Нолан не е првиот режисер кој се одлучи за Исланд како земја во која ќе бидат снимани филмските сцени. Тука се снимени и „Прометеј“, „Игра на престоли“, и уште многу други…534264_profimedia0194115340_lb

- Реклама -