Ова се придобивките од секојдневното јадење домати

Секојдневното овошје и зеленчук се општо корисни за здравјето, а особено доматот ги топи мастите, па поволно делува и на варењето и на крвта.

Истражувањата, имено, покажуваат дека ликопенот што се наоѓа во доматот може да го спречи развојот на клетките на рак, особено ракот на простатата, желудникот или дебелото црево. Доматите се богати со витамин Ц, којшто е природен антиоксиданс, а содржат и витамин А, железо и калиум, кои играат клучна улога во одржувањето на здравјето на нервите и нормалната циркулација на крвта. Исто така, корисно е да се знае дека зготвените домати имаат поголемо нивото на ликопен, пренесува „Н-1“.

Витаминот К во доматите е корисен за крвта. Но, и воопшто, јадењето домати секој ден може да помогне во одржувањето на кожата здрава и сјајна.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Доматот го намалува и оштетувањето предизвикано од пушење тутун, благодарение на кумаринот и хлорогената киселина што ги содржи ова овошје. Помага и при слабеење, бидејќи се нискокалорични и богати со влакна, што значи дека држат ситост подолго време и го регулираат топењето на мастите.

- Реклама -