Доколку оваа птица ја немаше таа среќа да ја пронајде овој грижлив Imgur корисник, денес сигурно таа немаше да биде жива. Имено, откако заедно со неговиот брат не успеале да го пронајдат нејзиното гнездо, решиле самите да се обидат да ја спасат.
Во моментот на наоѓањето, птицата се уште на себе имала делови од лушпата од јајцето.
Сепак, Imgur корисникот чие име е непознато, не се откажал. Тој заедно со неговиот брат, создал инкубатор во својот дом, каде можел да ја контролира температурата и влажноста. Не знаеле ниту на кој вид припаѓа, бидејќи изгледало вака.
Иако не можеле да утврдат со сигурност, претпоставиле дека е женски род, па ја именувале Дамплинг (Кнедла).
Бебињата птици јадат многу, односно мора во просек да внесува храна на 30 минути, и така по 14 часа дневно. Тие внимателно ја хранеле со црви, скакулци и други инсекти.
За неколку дена започнале да растат пердуви. На 5тиот ден веќе Дамплинг можела сама и да седи.
После седмиот ден, започнува да наликува на вистинска птица, добивајќи перја по целото тело. Ова мало врапче сега веќе е доволно силно за да го напушти инкубаторот.
Само уште неколку изминати денови и Дамплинг расте во вистинска убавица. Преместена е во простран кафез во кој се наоѓаат свежи гранки, за да може да го вежба своето летање.
Корисникот на Imgur започал да ја остава во дворот, за да може да се привикне на ветер, сонце и други птици.
После 36-от ден, Дамплинг е пуштена од кафезот на слобода, и таа започнува да го истражува своето ново опкруѓување.
Не е никаква реткост малечка птица да испадне од своето гнездо. Доколку ви се случи токму вам да наидете на нешто вакво, не го одминувајте. Однесете го на ветеринар, или превземете нешто со што ќе му го спасите животот на ова мало суштество.