И оваа година тој е најплатениот телевизиски актер

Трета година по ред, Ештон Kачер е најплатениот тв актер, чија заработувачка откако стана дел од серијата „Два ипол мажи“ се проценува на 26 милиони долари, објави Форбс.

Неговиот колега од истата серија Џон Крајер е на второ место, изедначен со Марк Хармон од „NCIS“.

Секој од нив заработил по 19 милиони долари во изминатата година.

На трето место е Нел Патрик Харис со 18 милиони, а четвртото место го делат Патрик Демпси и Кевин Спејси со по 16 милиони долари.

Топ пет го затвора Тим Ален со 15 милиони долари.

Чарли Шин навистина не требаше да го напушти ова шоу.

- Реклама -