Четири ноти од реквием од 13 век можат да се слушнат низ многу емотивни сцени во безброј филмови.
Бројот на легендарни сцени во кино историјата може да пополнат учебници отпечатени на стотици страници. Несомнено, повеќето од нас виделе доволно од овие сцени да ја познаваат основната граматика на игран филм и да ги препознаат мноштвото реплики но, и композициите кои што се провлекуваат низ самиот филм.
Визуелните и наративните алузии можат да не натераат да „скокнеме“, но музиката има тенденција да дејствува на многу посуптилен начин, предизвикувајќи емоционални реакции без да се ангажираат специфичните делови од нашиот мозок. Една од омилените мелодии на режисерот, што може да се слушне во неколку филмски креации, е делот од „Ден на гневот“ (Dies Irae), Грегоријански реквием од 13 век, искомпониран од Томас да Селано (Tomas da Celano).
Химна која го опишува Судниот Ден, последната труба која ги повикува душите кон престолот Божји, од каде што добрите ќе бидат спасени, а лошите ќе бидат протерани во вечниот пламен пренесува „National Geography”.
Секако, повеќето ноти ни се познати и од култната сецна од филмот „Амадеус“ кога го компонира својот реквием „Денот на гневот“. Кога еднаш ќе ги чуете овие магични застрашувачки ноти, одма ќе помислите на музиката на композиторката Венди Карлос од “ Пеколен портокал“(A Clockwork Orange) и „Сјаење“. Но, дали сте ги приметиле овие ноти и во Дизниевиот анимиран филм „Кралот лав“, можете да ги сретнете и во филмот „Војна на Ѕвездите“ епизода 4 „Нова надеж“, потоа во филмот „Хари Потер“, „Сам дома“ и други.
„Ден на гневот (Dies Irae)“ може да се каже дека е составен дел од појавувањето на првиот звучен филм од 1927 година, а сето тоа е поради ефектот кој што се создава и го заслува чуството на страв.