За убавините на Тајланд одамна знаеме, а истото важи и за магичните ресорти со кои изобилува. Ова прекрасно место беше дизајнирано од страна на талентираниот дизајнер и архитект Марк Геритсен. Лоцирано е во Ко Самуи, и освен со прекрасниот и егзотичен ентериер, мами и со прекрасниот базен, дрвена платформа и магични пејзажи кон природата. Прекрасно нели? Според Airbnb, целото место можете да го изнајмите за 250 долари.