Oвации за Калиопи: Белград ме сака!

 

Македонската дива Калиопи Букле  синоќа одржа солистички концерт во Сава центарот.

Таа  со радост дочека по долго време да се дружи со белградската публика, која ја поздрави со овации. Концертот го отвори со песната „Црно и бело“, а потоа на сиот глас и се обрати на публиката:

– Добро вечер, Белграде! Леле, колку е убав овој свет, а јас сум прегрната со белградска љубов.

Калиопи продолжи да ги пее своите најголеми хитови – „Роџени“, „Кофер љубави“, „Ако“, „Ја нисам као ти“… и многу други кои ја одбележаа нејзината долгогодишна успешна кариера.

Меѓу присутните беа Љубиша Самарџиќ. Маја Оџаклиевска, Тијана Дапчевиќ, Неда Ураден и многу други.

 

- Реклама -