Овие особини ги имаат надпросечно интелигентите луѓе: Тие индицираат дека вашата интелигенција е висока

Интелигенцијата или IQ го означуваат темпото со кое лицето усвојува нови информации. Некои истражувања покажаа дека IQ се формира и фиксира на рана возраст.

Иако според Бизнис Инсајдер, многу истражувања покажале дека количникот на интелегенција не е гаранција за успех во животот. Вискокиот IQ и понатаму е нешто со што многумина сакаат да се фалат.Сепак, сè уште е тешко точно да се измери  нечиј коефициент на интелигенција (затоа што постојат многу фактори).

Сепак, истражувањата покажале дека постојат некои знаци и карактеристики што можат да укажуваат на тоа дека некој е над просечно интелигентен.

Ова се некои од нив:

Анксиозни сте

Психијатарот Џереми Коплан ги проучувал пациентите со анксиозни нарушувања и открил дека оние со најтешки симптоми имаат повисоки коефициентски интелигенција од оние со поблаги симптоми.

Други студии откриле дека вознемирените луѓе имаат подобри вербални вештини.Исто така, експеримент во израелскиот интердисциплинарен центар Херцли покажал дека вознемирените луѓе се подобри во решавањето на проблемите.

Леваци сте

Истажувањата покажале дека леваците се поврзани со дивергентното размислување и тоа посебно кај мажите е овој начин на размислување.

Инаку, овој вид размислување честопати се поврзува со креативноста и може да се опише како „размислување во повеќе насоки“. Тој, исто така, наводно е знак на натпросечна интелигенција.

Музикални сте

Бројни истражувања покажаа поврзаност помеѓу музиката и добрите вербални вештини, како и извршените функции клучни за фокусот и самоконтролата.

Студијата, спроведена од Силваин Морено, опфатила 48 деца на возраст меѓу четири и шест години. Децата биле поделени во две групи. Едните оделе на часови по музика пет дена во неделата во текот на еден месец, а другата половина оделе на часови по уметност. На крајот на експериментот, 90 проценти од децата кои оделе на музика покажале подобрување на вербалниот коефициент на интелигенција.

Забавни сте

Истражувањата покажуваат силна врска помеѓу чувството за хумор и високите вербални вештини, како и апстрактното размислување. Хуморот се чини дека е резултат на високата интелигенција.

Сите овие карактеристики заедно

Ако немате некоја од овие карактеристики, се разбира, тоа не значи дека немате висок коефициент на интелигенција. Но, ако ги имате повеќето од овие карактеристики, тоа сигурно би значело дека имате повисок коефициент на интелигенција од просекот.Доколку имате некои од овие карактеристики (или сите) во тој случај вие се вклопувате во она што досега го покажале истражувањата за интелегенцијата.

 

 

 

- Реклама -