Ози и Шерон Озборн објавија дека нивниот син, Џек Озборн боледува од мултиплекс склероза. Озборнови изјавија дека непријатната вест ја дознале преку медицинските тестови извршени во март годинава.
Џек Озборн се решил да изврши медицински тестови откако изгубил околу 60 проценти од видот на десното око. Болеста му била дијагностицирана три недели по раѓањето на неговата ќерка Перл. Ози Озборн изјави дека неговиот син кога ја дознал веста дека е болен бил вознемирен, но во моментов се помирил, сега е во фаза на прифаќање на својата состојба и е подготвен да се бори со болеста.
Мултипекс склероза е болест која ги оштетува нервите и има широк спектар на симптоми влкучуваќи хроничен умор, привремено слепило, отежната координација и говор. Џек Озборн, кој е познат како голем љубител на екстремните спортови, ќе отпочне со секојдневни медицински терапии и целосна промена на својот животен стил.