Пад на рубљата од 26%, Путин им забрани на жителите да префрлаат пари во странство

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот им забрани на жителите да префрлаат пари во странство, како дел од мерките за поддршка на рубљата, чија вредност драстично падна како резултат на санкциите на Западот поради руската инвазија врз Украина.

Во декретот потпишан од Путин, исто така, се вели дека од извозниците ќе се бара да држат најмалку 80 отсто од приходите во рубљи, како чекор да ја поддржат руската економија.

Вредноста на рубљата падна за 26 отсто откако САД и другите западни земји ја блокираа руската централна банка и некои други руски банки од банкарскиот систем СВИФТ.

Падот на рубљата во однос на доларот, во еден момент во текот на ноќта, изнесуваше и 40 отсто.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

Извор: МИА

- Реклама -