Падобрански скок од вселената (видео)

ФеликсАвстрискиот авантурист Феликс Баумгартнер најавил дека ќе се обиде да го скрши рекордот за највисок падобрански скок. Во мисијата Red Bull Stratos 41 годишниот Австриец ќе скокне од балон во стратосферата на надморска височина од 36.576 метри и ќе изведе рекорден слободен пад.

Брзината со која би паѓал Баумгартнер значи дека тој би можел да стане првиот човек кој ќе го пробие звучниот ѕид без механичка помош. Додека паѓа тој ќе собира претходно недостапни податоци кои би можеле да овозможат напредок во медицинските науки и би можел да скрши вкупно четири светски рекорди.

{youtube}lB1PTOp1aKk{/youtube}

Баумгартнер веќе има направено рекордни скокови од платформа во најспектакуларните локации во светот, како на пример World Financial Center T101 во Тајпеј. Овој скок сепак навлегува во непознати територии. Тим од техничари и научници ги развивале опремата и протоколите кои се неопходни за безбедноста на мисијата веќе пет години.

Прочитајте и:  Трамп не успеа да го види фаќањето на ракетата на SpaceX, таа се спушти во Индискиот океан

Целта на Red Bull Stratos ќе биде подобрување на два рекорди стари над 50 години – највисок лет со балон, 36.576 метри, највисокиот падобрански скок – и да постави два нови рекорди – прв човек кој ќе го пробие звучниот ѕид во слободен пад и најдолгиот слободен пад (околу 5 минути и 30 секунди).

- Реклама -