Пајакот наречен Darwin’s bark spider (Caerostris darwini) е мошне зезнат пајак. Овој вид продуцира една од најголемите мрежи што е позната кај пајаците. По површина пајажината може да достигне 2.8 метри квадратни, а нишките можат да достигнат должина и до 25 метри.
Откриен е во 2009-та во националниот парк Andasibe-Mantadia на Мадагаскар. Неговата пајажина е еден од најцврстите биолошки материјали кој некогаш бил проучуван, 10 пати поцврст од еквивалентно парче панцир (да, панцир панцир).