Палачинки на поинаков начин

Ако ви здодеаја обичните палачинки, време е да испробате еден поинаков рецепт. Резултатот е совршен – вкусни, меки палачинки.

Состојки: 250 г.рикота сирење, 125 мл. млеко, 3 јајца, 100 г. брашно, половина прашок за пециво, малку сол, ванилин шеќер, една лажица обичен шеќер.

Подготовка: Изматете ги жолчките и шеќерот, додадете го млекото, брашното со прашокот за пециво и на крај додадете ја рикотата. Белките со малку сол изматете ги во цврст снег и внимателно додајте ги во смесата со рикотата. Во тавче на оган ставајте ја смесата со голема лажица. Кога на површината на палачинката ќе почне да се појавуваат меурчиња, време е да ги свртите на другата страна.

Recipe_Page_AmericanBreakfast

Можете да ги консумирате со џем, крем, свежо овошје, а ако не сте љубител на благото, направете солена варијанта и само изоставете го шеќерот од рецептот.

- Реклама -