Иноватори од Португалија изработија апликација за смартфон со која верниците можат да палат свеќи во црква, без да бидат во црквата. На пример, додека се на скијање. Или во Мекдоналдс. А и зошто би оделе до црква, кога Господ е во срцето?
Апликацијата е дело на двајца млади католици и e наречена „Кандла” (Candla). Преку апликацијата, со еден клик ќе може да се избере црквата, денот и светецот на кого е посветено палењето свеќа. Услугата чини едно евро и е временски ограничена на 15 минути, а достапна е во 14 цркви во Лисабон кои ја прифатија примената на новата технологија.
https://youtu.be/06x0H6_2AvQ
80% од Португалците се католици. Според еден од двајцата девелопери – Жоао Песоа (30), апликацијата ќе им биде од корист и на луѓето со попреченост. Candla промотивно беше пуштена во употреба во август и веќе ја користат 10.000 лица.