Палестинските власти бараат вонредна седница на Арапска лига поради „бруталната агресија врз палестинскиот народ“

Палестинските власти денеска побараа да се свика вонреден состанок на Арапската лига на ниво на министри за надворешни работи поради судирот помеѓу Израел и Хамас.

Палестинскиот амбасадор Арапска лига, Муханад ал Аклук истакна дека барањето за вонреден состанок е поради „бруталната и тековна израелска агресија врз палестинскиот народ“.

Арапската лига е регионална организација на арапските земји од Блискиот Исток и северна Африка. Организацијата е формирана во 1945 година и денес има брои 22 членки. Главна цел е да се координира нивната соработка, да се обезбеди независноста и суверенитетот, и генерално да се координираат работите и интересите на арапските земји.

МИА

Прочитајте и:  Хамнеи: Апсење не е доволно, треба смртна казна за израелските лидери
- Реклама -