Палевски доби 40-дневен екстрадициски притвор во Турција

Турција на Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за свирепото убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, му одредила 40-дневен екстрадициски притвор, информира Министерството за правда.

Министерството било информирано од македонската амбасада во Анкара, која пак била добила повратна нота од турското МНР, по испратената нота од наша страна доставена до турското МНР на 06.12.2023 година.

„Амбасадата на Република Северна Македонија во Анкара испрати допис до Министерството за правда во кој информира дека ни доставува добиена Нота од МНР на Република Турција, како одговор на Нотата доставена од Амбасадата на РСМ во Анкара од 06.12.2023 година, со која информираат дека врз основа на дописот добиен од Канцеларијата на главниот јавен обвинител Баликесир, определен е екстрадициски притвор за Љупчо Палевски, во траење од 40 дена“, стои во соопштението од Министерството за правда.

Прочитајте и:  Сослушан возачот што го превезе Палчо до Турција, Кешишов го сменил првичниот исказ
- Реклама -