Палмер: Целта на САД и ЕУ е мир и просперитет, а на Русија – хаос на Западен Балкан. Тоа се виде со Преспанскиот договор

Целта на САД, ЕУ и земјите во регионот е иста – напредок. Од друга страна, на руското влијание повеќе му одговара кopyпција и хаотична состојба, изјави заменик-помошникот државен секретар на САД – Метју Палмер, во интервју за „Радио слободна Европа“. Тој им порача и на лидерите на Западен Балкан да ја разберат својата улога и земјите да ги поведат кон просперитет, односно ЕУ и НАТО.

Политиката на САД и ЕУ за Западниот Балкан е единствена, вели тој, а тоа е „заеднички да им помогнеме на државите од Западен Балкан успешно да ги спроведат клучните сетови реформи и промени кои ќе им помогнат на патот кон евроатлантските интеграции, што, секако, подразбира зачленување во некои од клучните институции, како ЕУ, така и НАТО“.

„Визијата на САД и визијата на ЕУ е иста и многу едноставна – просперитетен и мирен регион кој е во мир не само самиот со себе, туку и со своите соседи. Регион кој ќе биде добар составен дел на Европа“, рече Палмер.

Од друга страна, додаде Палмер, визијата на Русија за истиот овој регион е поинаква.

„Ние сакаме да видиме регион кој функционира по правилата и начелата, кој функционира во склад со институциите и транспарентно. Русија, од друга страна, можеби повеќе би сакала да види регион кој е поделен, фракциониран, во кој владеат тензии“, вели тој.

Прочитајте и:  Захарова: Новата американска база во Полска одамна е на листата на приоритетни цели за уништување

„За среќа, визијата која ја делат САД и ЕУ е иста како и визијата на самите земји на Западниот Балкан, кои сакаат успех и пат напред. Но Русите, секако, ќе продолжат со своето делување и како и досега со своето негативно влијание, што имавме прилика да го видиме кога се работеше за Преспанскиот договор“, констатира Палмер, истакнувајќи ја како пример за руското негативно влијание и Црна Гора.

„За да сме сигурни дека земјите од Западен Балкан навистина можат сами да се спротивстават на ова мaлигнo влијание кое доаѓа однадвор, мораме да се осигураме дека нивните институции се функционални, дека се одговорни, дека се транспарентни и дека со нив се управува на добар начин. А САД се на ова посветени и ние навистина во исполнувањето на оваа цел блиско соработуваме со сите влади и институции на Западниот Балкан“, порача тој.

- Реклама -