Во обид да се истакне распространетоста на сексуалното вознемирување, швајцарската компанија за пијалоци Schweppes и бразилската агенција за рекламирање Ogilvy се здружија во проектот Dress for Respect.
Заедно, тие создадоа паметен фустан опремен со сензори кој снима секој пат кога некој ќе допре до лицето што го носи фустанот- што се случувало премногу пати за жени кои го тестирале фустанот во бразилскиот ноќен клуб.
Според видеото направено од Ogilvy за кампањата, сензорите сошиени во фустанот го детектираат секој допир и потоа го пренесуваат преку WiFi во контролната единица. Кога мажот ќе ја допре жена што носи паметниот фустан во пределот на нејзината надлактица, на пример, истата област светнува на компјутерскиот екран на контролната единица. Дури го открива и интензитетот на допир, бидејќи сензорите не само што го запишуваат присуството на допир, туку и неговиот притисок.
Во текот додека траел експериментот, за помалку од четири часа во бразилскиот ноќен клуб, мажите ги допирале, помилувале и ги зграпчиле трите жени кои што го носеле овој паметен фустан вкупно 157 пати – што значи повеќе од еден допир по жена на секој пет минути.
Се разбира, ова не е прв или единствен пример на технологија што се користи за да се посвети внимание на вознемирување и малтретирање. Жртвите со вознемирување на работното место можат да ја користат апликацијата Talk to Spot AI за да ги документираат своите искуства. Оние кои што се вознемирувани на улица можат да ја споделат својата приказна преку Hollaback! платформата. Се разбира, тешко е да се зборува за сексуално вознемирување без да се забележи влијанието на социјалните мрежи и движењето #MeToo.
Овие жртви можеби никогаш немале можност да ги споделат своите приказни пред толку широката публика пред појавата на таква технологија, така што неговата употреба за целта подигање на свесност е чекор во вистинската насока.