Панајотов: Каракачанов е одраз на мејнстрим позицијата во Бугарија

Во моментов политичката психогија во Бугарија не е подготвена за ништо друго освен за садистички однос. Иако интервјуто на премиерот Заев за БГНЕС може да се гледа како некој тип на додворување на бугарската позиција, гледано од бугарска перспектива, според ставовите на Каракачанов,  колку и да звучи непријатно за македонската јавност, тоа не е доволно за Бугарија, оценува д-р Станимир Панајотов – постдокторант во Центарот за академски истражувања во Софија и визитинг професор во Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје, во разговор на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Како што Македонците се прашуваат како може во Бугарија да постои еден Каракачанов, така и во Бугарија сите се прашувале како може да имаме еден Груевски, посочува Панајотов. „Значи, прашањето е како е можно генерално на Балканот да се нема голем поглед на историјата“, подвлекува тој.

Сепак, како што истакнува професорот, позицијата на Каракачанов не е исклучок:

„Каракачанов е одраз на историска школа во Бугарија, која за жал не може да гледа во иднината. Историјата не е нешто што треба да гледа само во минатото. Може да не ни се допаѓа Каракачанов, но за жал тоа е мејнстрим позицијата во Бугарија. И колку да е чудно и непријатно, тој зборува како репрезент на бугарската политика“.

Според него, Бугарија во моментов „дипломатски се изживува преку ситно-колонијален тип на политика и дипломатија“, како што самиот вели, како резултат на внатрешно-политичка анксиозност која има историски корен, но затоа што актуелните услови во конкретниот момент ѝ овозможуваат да демонстрира „хајдуклук“. Остатокот од разговорот погледнете го во видеото, ТУКА.

- Реклама -