Тренерот на грчкиот клуб Панатинаикос, Ергин Атаман, најави дека тимот ќе направи еден од најзначајните трансфери во Евролигата ова лето.
Во интервјуто за турскиот медиум ХТ Спор, Атаман сподели дека Панатинаикос постигнал договор со македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс, кој до сега играше за Париз.
„Досега, во Панатинаикос, она што е најважно е дека го потпишавме Ти-Џеј Шортс – клучниот играч за следната сезона“, истакна Атаман.



