Македонскиот интернационалец, Горан Пандев е подготвен да го замени Единсон Кавани кога се во прашање ударите од белата точка.
Иако Кавани е најдобриот стрелец во лигата со 22 гола од 28 натпревари, Уругваецот промаши три пати од белата точка оваа сезона.
Агентот на Пандев, Карло Палавичино, вели дека Пандев може да го замени Кавани и да ги изведува ударите од белата точка.
„Пандев изведувал пенали во сите натпреварувања, тој е подготвен да биде новиот пеналџија на Наполи. Исто така добро изведува и слободни удари” – изјави Палавичино за Radio Kiss Kiss.
Откако е во Наполи, Кавани во просек го промашува секој трет пенал, па се јавуваат сомнежи дали тој е вистинскиот човек кој треба да ги изведува.
„Тој е исклучителен напаѓач, но не е пеналџија” – смета поранешниот фудбалер на Наполи, Бепе Саволди.
„Не е опуштен кога шутира од белата точка”.
„Кога изведувате пенал треба да го гледате голманот и со смиреност да можете да го промените аголот во последен момент”.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.