Панел дискусија на тема зборообразување

На 2 април (вторник) ќе се одржи панел-дискусија каде ќе се истражува процесот на зборообразување, како главен начин преку кој креативно може да се збогати јазикот.

Настанот ќе започне во 18 часот во Музејот на македонската борба и самостојност.

Говорниците проф. д-р Славица Велева, професор по предметот ,,Зборообразување” на Филолошкиот факултет при УКИМ, Фросина Пармаковска, автор, проф. д-р Илина Јакимовска, институт за етнологија и антропологија, ПМФ при УКИМ и д-р Тамара Ќупева, научен соработник, институт за македонски јазик и литература при УКИМ, ќе ги споделат своите истражувања, искуства и размислувања за значењето и влијанието на зборообразувањето како алатка за развој на македонскиот јазик. Настанот ќе биде модериран од новинарот Васко Попетревски.

- Реклама -