Иако италијанските медиуми уште пред еден месец, известувајќи за рутата на Папата Франциск, ја спомнуваа и Македонија, досега немаше потврда од Ватикан или од Владата на РМ. Сега е и официјално.
Како што соопштуваат од Влада на РМ, Папата Франциск, по покана на највисоките државни власти и Католичката Црква, на 7 мај идната година ќе оствари Апостолско патување во Република Македонија. Притоа Папата ќе го посети главниот град Скопје – родниот град на света Мајка Тереза.
Папата во Македонија ќе дојде од Бугарија, каде од 5 до 7 мај 2019-та ќе ги посети градовите Софија и Раковски.
Програмата на посетата ќе биде објавена благовремено, соопштуваат од владата.