Папата се повлекува на 28 февруари: Прва абдикација по 600 години

Папата Бенедикт XVI се повлекува од местото врховен поглавар на Римокатоличката црква, потврди Ватикан.

Портпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди, изјавил за агенцијата „Франс прес“ дека Папата ќе се повлече од функцијата на 28 февруари.

Самиот Бенедикт XVI изјави дека „неговата сила веќе не е задоволителна поради годините за да може да продолжи да ја извршува должноста“. Тој истакна дека е свесен за сериозноста на својата постапка.

Бенедикт XVI така ќе стане првиот Папа кој поднел оставка во последните шест векови.

Од 28 февруари почнува периодот на „sede vacante“ или „празна столица“.

Бенедикт XVI дојде на чело на Римокатоличката црква во април 2005 година по смртта на Папата Јован Павле Втори. Тој е еден од најстарите поглавари во историјата – во април ќе наполни 86 години.

Прочитајте и:  Свештеникот кој дозволи снимање спорен спот во црква, расчинет поради проневера

Првиот Папа што доброволно абдицирал бил Селестин V во 1294 година. Папата Гргур XII бил последниот Папа што се повлекол во 1415 година во времето на поделбите во Католичката црква.

- Реклама -