„Parko 2047“ почнува вечерва на две битолски сцени

Дваесет изведувачи на две сцени се најавени на фестивалот „Parko 2047 – Underwater“, кој од денес до недела (16-18 август) ќе се одржува во Градскиот парк во Битола.

Од „Парко продукција“ велат дека програмата со најшик изведувачи во „Океанот“, е поддржана од нивните генерални соработници на фестивалот, во консултација со нивните другари од „Пондер“ (ponder.mk).

За вечер (петок, 16 август) на т.н. „Wrecked ship Stage“ се најавени  Arthuros K & Irrene од Грција, домашниот диџеј Flooder, исто така и Zamer, додека на „Coral stage“ – Discopaths, проектот Blackstate на Фиц од „Новиот почеток“, но и Starchild – проектот на Александар Бошков и Огнен Зафировски.

За утре (сабота, 17 август) на „Wrecked ship Stage“ ќе настапува Димитар Гогу познат под името Gogu, потоа дуото Berryqyat и Joss, како и Bad Juju, под чиј псевдоним настапува битолчанецот Марко Трајков.

„Coral“ во сабота е резервиран за Dope Kukjata, бој бенд составен од неколку индивидуи и две емсиња, но и за Vagina Corporation, бенд формиран во мрачното и сиво Скопје, кои свират Краут-Рок-Американа-Психоделија, или накратко, КРАП. Исто така е најавено дуото SIZ, кое нуди енергичен судир на рифови и музика со став, тука е Fichi, а ќе настапува и АТА, што започна како соло проект на Атанасија Гулевска, а потоа прерасна во групација налик мини колектив.

Прочитајте и:  „Св. Ѓорги“ и Јени џамија, од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство

За последниот ден (недела, 18 август) засега најавен е Dejan Dex, долгогодишен љубител на музиката кој ја дели пасија кон самиот звук и неговиот концепт на создавање. Исто така дуото Mongo & Omaru, кое суптилно почнува да испливува на површината на македонската електронска музичка сцена, a на агендата за вечера се и Techtonik, колектив на млади музички ентузијасти од Битола.

Целата програма и детално инфо за настапувачите може да се најде ТУКА.

- Реклама -