Документот, исто така, повикува „да се одржи и зголеми воената, финансиската и хуманитарната поддршка за Украина и да се обезбеди навремена испорака на муниција и напредни вооружени системи“
Земјите членки на Северноатлантската алијанса да ја забрзаат процедурата и што поскоро да го олеснат стекнувањето на Украина со полноправно членство во Алијансата – се наведува во резолуцијата усвоена на пленарната седница на Парламентарното собрание на НАТО.
„Собранието ги повикува владите и парламентите земјите членки на Алијансата да ги засилат политичките и практичните напори за да ѝ помогнат на Украина да стане 33-та членка на НАТО што е можно поскоро“,
се вели во резолуцијата.
Документот, исто така, повикува „да се одржи и зголеми воената, финансиската и хуманитарната поддршка за Украина и да се обезбеди навремена испорака на муниција и напредни вооружени системи“.
Парламентарното собрание на НАТО препорачува и засилување на санкциите против Русија и Северна Кореја и обезбедување на Украина со ракети со среден дострел, со цел одбрана и одвраќање од натамошна агресија. Резолуцијата, исто така, ја споменува потребата за искористување на политичките и економските потпори за одвраќање на Кина од поддршката на руските воени напори.