Парите можат да бидат утепувачка…Буквално!

Металните пари во просек создржат повеќе бактерии, отколку што има на даската за тоалетната школка, сепак и покрај тоа две третини од луѓето на светот, свесно немаат навика да ги измијат рацете по ракувањето со пари.Експертите тврдат дека хартиената или железната пара во Европа на себе содржи повеќе од 26.000 бактерии, а највалкани пари „се движат“ во Велика Британија, Данска, Русија и Австрија.

Иако две третини од луѓето сметаат дека парите се валкани, големата студија која ја спроведе Мастер Кард со повеќе од 9.000 луѓе, во 12 европски земји, покажува дека секој петти човек ги мие рацете по употребата.

Исто така, истражувањето покажува дека жените почесто ги мијат рацете во однос на мажите, по ракувањето со пари.

Минатата седмица британската Влада најави воведување на пластифицирани пари кои би требало да бидат отпорни на валкање.

Парите од полимер се прв пат вовдедени во Австралија, уште во 1988. година, а од тогаш се користат во 20 земји во светот.

- Реклама -