Патрушев: НАТО и Западот и помогнаа на Украина да ја нападне Русија

Претставникот на Кремљ, Николај Патрушев во интервју за „Известија“ истакна дека воениот сојуз, предводен од САД и Западот, директно е вклучен во планирањето на украинскиот напад врз рускиот регион Курск.

Според него операцијата во Курск е планирана со НАТО и западните специјални служби.

– Изјавите на раководството на САД дека не се вмешани во злосторствата на Киев во регионот Курск не се вистинити … Без нивно учество и директна поддршка, Киев немаше да влезе на руска територија, истакна Патрушев.

Белата куќа соопшти дека Украина не го информира САД за нејзиниот упад и дека Вашингтон не бил вклучен во операцијата.

Руското Министерство за одбрана објави снимка на која се гледа американско оружје на руска територија во Курск.

Прочитајте и:  Путин со обраќање до нацијата: Конфликтот доби глобален карактер

Претходно, рускиот пратеник и член на Комисијата за одбрана во рускиот Парламент, Михаил Шеремет за РИА „Новости“ изјави дека украинскиот упад во Курск поддржан од Западот го доведе светот поблиску до трета светска војна.

– Со оглед на достапноста на западната опрема, употребата на западна муниција и ракети во нападите врз цивилната инфраструктура и неоспорните докази за странска вмешаност во нападот на руска територија, може да се дојде до заклучок дека светот е на работ на трета светска војна, истакна Шеремет.

Украинската армија на 6 август презеде офанзива во руската област Курск и оттогаш постигна значителен успех, а Москва беше принудена да евакуира повеќе од 200.000 цивили.

- Реклама -