Опцијата на Google „Виртуелен воз“ им прикажува 150 часови долг пат на корисниците кои притоа можат да ги слушаат делата на руските класици како што се „Војна и мир“ од Толстој или „Мртви души“ од Гогољ, или пак за да се долови автентичноста – да слушаат руско радио додека се „возат“ по Трaнсибирската железница.

Трансибирската железничка пруга се протега на повеќе од 9.000 километри, се простира преку седум временски зони, 12 области и 87 градови, а ги поврзува Москва и Владивосток. Мултимедиски застанувања се можни околу Екатеринбург, Тјумен, Улан Уде или на други места. Историската железничка пруга била изградена помеѓу 1891 и 1916 година и го поврзувала рускиот административен центар со најисточните провинции. Одберете книга и музика за по пат, дестинација и започнете го вашето патување тука.