Патувал од Њукасл до Лондон преку Шпанија, дека поевтино

Британија има еден од најскапите железнички превози во регионот. Всушност, извештај од јануари годинава покажува дека патниците со воз во Британија трошат 6 пати повеќе од нивните патниците во Европа.

Затоа воопшто не е чудно што одвреме навреме ќе се најде некој Британец со необично решение за заобиколување на скапите билети, неудобните седишта и неоправданите доцнења. Таков е Џо Фурнес (21), кој тргна да патува од Њукасл до Лондон преку Шпанија.

Во видеото постирано на YouTube, Џо објаснува дека на таков чекор се охрабрил само за да покаже колку се смешни цените на возовите во Британија. Пат од Њукасл до Лондон ќе го чинел 78.50 фунти, дури и покрај фактот што имал собрано бонови за скоро 30% попуст. Од друга страна, патот од Њукасл до Менорка (еден од шпанските острови), и потоа од Менорка до Лондон – го чинел само 27 фунти, со авион, и со бонус од 12 слободни часа да поужива во коктел или два на островот.

Не му е прв пат. Претходно има летано од Њукасл до Манчестер преку Швајцарија. Тогаш му се фатило 20 фунти поевтино. Затоа и почнал да разгледува алтернативи за Њукасл-?-Лондон релации, бидејќи знаел дека шансите да најде му се прилично добри.

Опциите што ги имал:
1. Newcastle – London, со воз £78.50;
или
2. Newcastle – Menorca 🇪🇸 £15.99, па Menorca – London 🇬🇧 £10.99.

И, нели, ја одбрал втората. Супер си поминал.

Слетал во Менорка. Изрентал кола за 7.50 фунти. Со рентаната кола отишол на плажа. Во барот на плажата пиел еден Sex on the Beach. Остатокот од денот се излежувал на сонце. Вечерта ја преспал во колата. Кога дошло време, со колата се вратил на аеродром. И пак му останале 40 фунти.

Е добро, пропуштил патување со воз. Сигурно е многу тажен.

https://youtu.be/3VPpW_7XAqk

- Реклама -