Патување на ликовите на Толкин во вистинскиот живот

Се сеќавате ли на досадните клипови со правила за безбедност во авионите? жНовозеландскиот превозник Air New Zealand ги надмина сите создавајќи го најепското видео од тој тип, некогаш снимено.
Целата тема на спотот е посветена на ликовите на Толкин од  „Господарот на прстените” и „Хобитите”.

Стјуардесата елф и џуџињата се дел од актерите, а како патници во авионот се појавуваат Илајџа Вуд (во улогата на Фродо), режисерот Питер Џексон и Ричард Тејлор, кој е одговорен за специјалните ефектите во филмовите. Учествуваат и други актери од светот на Толкин.

Кнечно Вуд, им посакува на патниците „пријатно патување” на еден неконвенционален начин.

Новозеландската компанија дефинитивно ги освои фановите на Толкин универзумот. Сите тие го очекуваат со нетрпение и третиот филм, направен по книгата „Хобитите”. Премиерата ќе биде во декември.

- Реклама -