Разочарувачки вести за секој што ги поминува своите денови сонувајќи за патување до далечното минато или иднината. Научниците тврдат дека дефинитвно докажале дека еден фотон се придржува до Ајнштајновата теорија дека ништо не може да патува побрзо од брзината на светлината – што значи дека патувањето низ времето е невозможно.
Нивното откритие е крај за дебата, која трае цела деценија, за брзината на еден фотон основната единица за светлина. Главниот истражувач, професорот Шенгванг Ду од Универзитетот за Наука и Технологија од Хонг Конг (HKUST), изајвил: „Резултатите додаваат информации на нашето разбирање за движењето на еден фотон. Тие исто така ја потврдуваат горната граница на брзината со која информациите патуваат преку светлина. Со прикажувањето дека еден фотон не може да патува побрзо од брзината на светлината, нашите резултати ја затвораат дебатата за вистинската брзина на информациите носени од еден фотон.“
Професор Ду и неговиот тим откриле дека еден фотон се придржува до сообраќајните правила на универзумот. Ајнштајн тврдел дека брзината на светлината е сообраќаен закон на универзумот – или, едноставно, ништо не може да патува побрзо од брзината на светлината. Тимот од HKUST е првиот кој го прикажал постоењето на оптички предвесници на ниво на еден фотон, и дека истите се најбрзиот дел од едно-фотонски бран дури и во таканаречен „суперлуминален“ – или побрз од светлината – медиум.
Долгиот сон на човештвото за патување низ времето доби стимул пред десет години со откритието на суперлуминално ширење на оптички пулсеви во некои специфични медиуми. Но научниците подоцна сфатија дека ова е само визуелен ефект – каде што „групната“ суперлуминална брзина на повеќе фотони не може да биде употребена за пренос на значајни информации. Истражувачите потоа ја насочија својата надеж кон еден фотон поради можноста еден фотон да биде способен да патува побрзо.
Поради недостиг на докази за брзината на еден фотон, ова исто така беше отворена дебата помеѓу физичари. За да се соочи со оваа пречка, тимот на професор Ду ја измериле крајната брзина на еден фотон со контролабилни бранови. Нивната студија ја потврдила теоријата на Ајнштајн дека последица не може да се случи пред причината. Истражувачите не само што создале еден протон, туку го одделиле оптичкиот предвесник – ширењето во форма на бран на предниот крај на оптички пулс – од остатокот од фотонскиот бран.
За да го постигнат ова тие генерирале пар фотони кои потоа со ефект наречен електромагнетно индуцирана проѕирност биле пуштени низ група атоми од рубидиум ладени со ласери. За првпат тие успешно набљудувале оптички предвесник на еден фотон. Тимот открил дека како најбрз дел од еден протон, предвесникот секогаш патува со брзината на светлина во вакуум. Главниот бран на еден фотон патува со брзина на светлината во вакуум во дисперзивни медиуми и може да биде забавен до 500 наносекунди во медиум на бавна светлина. Дури и во суперлуминален медиум каде што групната брзина ја надминува брзината на светлина во вакуум, главниот дел од еден фотон не може да патува побрзо од својот предвесник. [Time travel is sci-fi-fantasy: Scientists prove nothing can travel faster than the speed of light]