Пазарот на автомобили во Русија застана

Падот на курсот на рубљата во однос на доларот и еврото ги принуди дилерите на автомобили во Русија практично да ги замрзнат своите активности, пријави економскиот сајт, РБК.
Двата најголеми дилери на нови автомобили во Русија, Major Auto и Авилон,  прекинаа со продажбата на автомобили за неопределено време. Првиот нуди 35 марки на автомобили, а располага со 11 продажни салони во Москва и со два во Санкт Петербург. Според АвтоБизнесРевю прометот на компанијата во 2013 година изнесуваше 45,8 милијарди Рубљи, а обемот на продажбите –  33.600 автомобили. Авилон има 11 продажни места во Москва и во 2013 година има продадено 28.800 автомобили.


Причината за затворање на вратите на дилерите е проблемот со рускиот девизен пазар, кој ја прави продажбата на нови автомобили исклучително неповолна, посочува РБК. Во вторникот еден долар се тргуваше за 80,1 рубљи, а само ден пред тоа, цената беше за 15,6 рубљи помала.  Кај еврото еврото евидентирајн е скок од 22 рубљи, односно во моментов се тргува со 100 рубљи за едно евро. Од јануари рубљата паднала во однос на водечките светски валути за над 60%.

Во моментов не е јасно кога дилерите ќе ги отворат повторно вратите. За РБК од компанијата Major Auto изјавија дека мерката е преземена за период од еден до три дена дена, но рокот може да биде продолжен до стабилизација на курсот на руската валута. Во исто време Русите сакаат да ги вложат своите пари токму во нови автомобили, наместо да ги чуваат во банка, иако Централната банка на Русија ја зголеми основната каматна стапка од 10,5 на 17%.

Во последните денови цените на новите автомобили во Русија пораснаа просечно 25%. Сегашната ситуација е критична за бизнисот. Проблемот неизбежно ќе влијае на домашните производители, но и на странските автомобилски компании кои имаат производство во земјата.

- Реклама -