Час Поуп, Британец што работи во Пекинг, сними перфектно видео за тоа како изгледа моментот кога смогот го проголтува градот со едно од највисоките загадувања во светот.
„Ерпокалипса“ е најсоодветниот опис.
Bank of AQI400+ smog rolling into Beijing just now – within 20 minutes https://t.co/jbk3byT37C #beijing #airpocalypse #smog pic.twitter.com/Sf5Zom6F9M
— Chas Pope (@china_chas) January 2, 2017
Од друга страна, рекламите во подземното метро на Пекинг прилично јасно зборуваат дека градот одамна ја изгубил битката со загадувањето, и се добар пример за дистописката иднина што ги очекува загадените градови. Притоа не мислиме само на Пекинг.