Пекинг: Тајван го преувеличува мешањето на Кина во изборите

Кинеското Министерство за одбрана денеска оцени дека властите во Тајпеј „претерале“ со тврдењата за наводното мешање на Пекинг во претстојните претседателски избори во Тајван.

„Властите на Демократската прогресивна партија го преувеличуваат мешањето на Кина во изборите“, рече портпаролот на Министерството за одбрана, Ву Чиан на прес-конференција.

Тој додаде дека Тајпеј сака да „поттикне конфронтација и да манипулира со изборите“.

Претседателските избори во Тајван се закажани за 13 јануари.

МИА

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи
- Реклама -