Пендаровски: Историски ревизионизам како бугарскиот е апсолутно недозволив во секоја сериозна дискусија

Пред две и пол години, а не претходно, Бугарија почна да изнесува барања кои немаат никаква допирна точка со ЕУ критериумите, изјави денеска претседателот на државата Стево Пендаровски во дебатата на лидерскиот состанок во организација на Белградскиот центар за безбедносна политика, насловен „Руската агресија врз Украина: Нов моментум за проширувањето на EУ?“.

„Започнаа да зборуваат за македонскиот етнички идентитет, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, дека во периодот од 1941 до 1944 тие биле администратори а не окупатори… И сето тоа беше во писмена форма дисеминирано до сите амбасадори. Таков тип на историски ревизионизам е апсолутно недозволив во секоја сериозна дискусија“, рече Пендаровски, потенцирајќи дека таков дијалог не прилега од страна на земја-членка на ЕУ.

Извор: МИА

- Реклама -