Пендаровски: Кочанчани помогнаа да се избегне далеку пострашно сценарио, Армијата останува подготвена да интервенира било каде на територијата на државата

Фото: Арбнора Мехмети

Претседателот на државата – Стево Пендаровски, преку Фејсбук денеска упати честитка до припадниците на армијата, но и до противпожарните единици од Кочани и сите институции кои синоќа во Кочани се справуваа со огнената стихија.

„Кочанчани активно се вклучија во гасењето и во помагањето на единиците на терен и помогнаа да се избегне далеку пострашно сценарио“, оцени претседателот.

Тој истакна дека во следниот период интензивно ќе се следи состојбата, а со цел да се спречат идни пожари.

Притоа, Пендаровски додаде дека Армијата, со вчерашната наредба за прогласување тревога на целокупниот состав, останува подготвена да интервенира било каде на територија на државата.

- Реклама -