Пендаровски: „Помина времето кога на средбите во Тирана треба да гледаме како закана“

„Помина одамна времето кога треба да гледаме на политичките процеси или настани или средби кои се случуваат во Тирана како на безбедносна закана за нас“, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски, коментирајќи ја средбата на албанскиот премиер Еди Рама со лидерите на македонските политички партиите на Албанците, која се одржа завчера во албанскиот главен град.

„Децении наназад тогашната Социјалистичка Република Албанија беше безбедносна закана за нас. Значи, помина одамна времето кога треба да гледаме на политичките процеси или настани или средби кои се случуваат во Тирана како на безбедносна закана за нас. Немојте да заборавите, Република Албанија е членка на НАТО, Република Албанија заедно со нас почна преговори за ЕУ. Република Албанија е наш пријател, воопшто немам никаков сомнеж во некакви задни намери на албанскиот премиер кој го знам прилично добро, а го знаете и сите вие. Не мислам дека таму се креираат некакви антимакедонски сценарија“, рече Пендаровски одговарајќи на новинарски прашања по денешната амбасадорска тркалезна маса, „Западниот Балкан помеѓу Западот и Истокот: Северна Македонија членка на ЕУ до 2030 година“ во организација на Советот на Амбасадори.

Тој потенцираше дека не гледа никаква лоша позадина на таа средба и потсети дека сите тие претставници од албанските политички партии кои беа во Тирана, уште месеци наназад се изјасниле дека ќе поддржат промени на Уставот.

Во однос на евентуални предвремени избори, Пендаровски рече дека сега не е време во кое се размислува за избори, туку дека врвен политички приоритет е промената

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

Пендаровски истакна дека сега сме во време во кое не се размислува за избори, посочувајќи дека врвен политички приоритет е промената на Уставот.

„Имавме режим во тоа време на заминување, имавме тукушто завршени избори и имавме една нормално политичко позиционирање на албанските политички субјекти во однос на тоа со кого да бидат во следната власт. Сега сме далеку од избори, значи не сме во предизборен период, не можам да видам дека има позиционирање, и од тој аспект како што сугерираат. Значи, ние сме сега во време во кое не размислуваме за избори. Во овој момент врвен политички приоритет во оваа смисла во која прашувате е можеби промената на Уставот. Меѓутоа, од тој аспект нема потреба Еди Рама да ги вика албанските политичари во Тирана кога тие не прават проблем за промена на Уставот, овие барем што беа во Тирана“, рече шефот на државата.

На средбата свикана од Рама, завчера учествуваа Али Ахмети од ДУИ, Африм Гаши од Алтернатива, Мендух Тачи од ДПА и Арбен Таравари од Алијанса за Албанците. Поканата ја одби Билал Касами од Беса. На средбата, како што посочија присутните претседатели на политичките партии на Албанците, е разговарано за европската иднина на двете земји и за уставите измени.

Извор: МИА

- Реклама -