Шoк за него лично, за народот, но и за целата политичка елита било недобивањето зелено светло за почеток на преговорите за членство во Европската унија, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за грчката ТВ „Алфа“.
Како што пренесува МИА, во интервјуто Пендаровски потенцирал дека од 2009 година наваму во сите извештаи на Европската комисија и во сите комуникеа од ЕУ како единствено нерешено прашање се наведувал спорот околу името. „Го решивме тоа со Договорот од Преспа и одеднаш Европската Унија ни вели ние не сме подготвени“.
Тоа било неискрен и неправеден потег за сите инволвирани во процесот, оценува Пендаровски, нагласувајќи дека сѐ што е направено, но првенствено Преспанскиот договор, било поради Европа. „И одеднаш никаде не ја гледаме Европската Унија. Никаде ја нема Европската Унија“.
Сепак, претседателот потенцира дека без Преспанскиот договор не би било можно членството (наскоро) во НАТО и дека решавањето на спорот околу името директно ги отворил вратите на Алијансата.
Во друго интервју, пак, за „Ал Џезира Балканс“, Пендаровски отворено признава дека му пречи „Северна“ и сѐ уште не може да се навикне. Сепак, вели дека „едноставно, тоа се компромиси во политиката – жpтвyвате нешто за да добиете нешто многу повредно“ (погледнете ТУКА).